
„Владата на Заев е падната,а процесот на проширување на ЕУ е загрозен, анализира еден од највлијателните американски медиуми “Њујорк Тајмс”. Во текстот посветен на работата на францускиот претседател по негативниот исход на последниот ЕУ самит, се вели дека одлуката на Емануел Макрон за вето за нашата земја за почеток на преговорите била шок за Македонија. Мала држава која направила се што барал Брисел вклучувајќи ја и промената на името за да ги задоволи Грците. Сето тоа резултирало со тотално нарушување на позицијата на владата.
„Во Македонија владата на премиерот Зоран Заев е сега колабирана и процесот на проширувањето на ЕУ е доведен во прашање. Ревизијата на процедурата за проширување беше клучен аргумент за ветото на францускиот претседател за почеток на преговорите за Македонија, пишува “Њујорк Тајмс”.
-Макрон беше осамен меѓу 28-те земји членки во ставањето вето за Македонија за почнување на пристапните преговори. Но Макрон одненадеж аргументираше дека процедурата на проширување на Европската унија треба да биде ревидирана, се вели во текстот.
Потегот на Макрон се анализира како негово позиционирање во однос на екстремно десничарската партија во пресрет на претседателските избори 2022 година.