
„Ќе се цитирам од пред извесен период: Кога сакаат, каде сакаат, на било кој медиум, во било кое време, било кој преставник на опозицијата, па дури и 10 души да дојдат, јас сум спремен да се соочиме и дебатираме за продажбата на Градската куќа, објави вечерва градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на фејсбук.
– Еве, повелете драги опозиционери. И да додадам: ќе зборуваме и за многу ваши политики во изминативе 27 години во Скопје. Значи, повелете и одберете. Секое време, секое место.
Како што е веќе познато, Шилегов ја продаде Градска куќа на ЕВН Македонија за 12,7 милиони евра. Тоа е нов објект кој го изгради претходната градска власт на Скопје.
Образложението на Шилегов за продажбата беше дека немало доволно простор за неговата администрација, а денеска поранешниот градоначалник Коце Трајановски објави дека според проектот зградата е предвидена за 620 вработени или за 50 отсто повеќе од бројот на вработени колку што имало во градската администрација во октомври 2017 година.