Смеса од хидроген и сода бикарбона за бели заби и свеж здив

Лесно можете да ги избелите забите употребувајќи само неколку капки од водороден пероксид (хидроген) или т.н кислородна вода, која може да ја купите во аптеките. Ова природно соединение се состои само од вода и од кислород, а благодарение на неговата моќ, може да се отстрани забен камен, габички, лош здив, дури и болки во грлото.

Доколку ова соединение се измеша со сода бикарбона, тогаш ќе добиете уникатна смеса.
Основни методи за употреба на хидрогенот за избелување на забите:
Додадете неколку капки 3% хидроген на пастата за заби и потоа измијте ги забите на вообичаен начин. По третманот, добро исплакнете ја устата со вода.
Измешајте неколку капки хидроген со сода бикарбона додека да добиете смеса како паста и измијте ги забите. По третманот, добро исплакнете ја устата со вода.
Додадете малку хидроген во чаша вода и исплакнете ја устата.
Не заборавајте дека водородниот пероксид-хидрогенот е релативно агресивен оксидатор и ако претерано често се користи, може да ја оштети глеѓта на забите како и непцата. Поради тоа не се препорачува да се употребува повеќе од еднаш неделно.

Воедно, пред употреба на било какви алтернативни рецепти, консултирајте се со лекар- специјалист.