Клоп: Гвардиола е најдобриот тренер на светот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, зборуваше со почит за неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Дербито меѓу првите два тима во Премиер лигата е во недела.

– Имам голема почит кон Гвардиола. Тој е најдобриот тренер во светот и за мене е чест да се натпреварувам со него. Имаме голема желба да победиме во дуелот в недела и ќе дадеме се од себе за да го сториме тоа, рече Клоп во интервју за „Скај спортс“.