Голема антитерористичка операција во Грција против крајната левица

Грчката полиција соопшти во саботатга дека во голема антитерористичка оперција привела три лица и запленила оружје, вклучително и автоматски пушки, кои во напади ги користеле припаднци на крајната левица.

Една од левичарските групи, Револуционерната организација за самоодбрана, ја презема одговорноста за напад со граната врз зградата на француската амбасада во Атина на 10-ти ноември 2016 година. Во експлозијата полесно беше повреден еден грчки полицаец, а беше предизвикана и помала материјална штета. Истата организација ја презема одговорноста за нападот врз мекисканската амбасада во Атина во јули 2014 година,

Запланетиот „калашникот“ е користен во неколку напади на споменатата радикална левичарска група од 2014 година, меѓу кои и оној врз седуштето на социјалистичката партијха ПАСОК во Атина и врз мексикансата амбасада.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотаки ги поздрави „многу големиот упсех“, и ја потврди „решителноста во настојувањата конечно да ста стави крај на проиблемите со тероризмот во земјата“.

Со децении Грција е сцена на терористички напади врз јавни институции, медиуми, банки и седишата на големите меѓународни корпорации, како и дипломатски мисии на западните земји. Одговорноста за нив ја преземаат екстремните левичарски двиќења или грчките анархисти.