
На прашањето на пресконференцијата што понатаму после ветото од Франција за преговори за членство во ЕУ, премиерот Зоран Заев рече дека нашата држава нема друга алтернатива освен да стане членка на ЕУ.
На ова претседателот на Србија Александар Вучиќ, потенцираше дека нема намера по сто пати да повторува како папагал дека Србија нема друга алтернатива за да биде членка на ЕУ, туку дека тоа не зависи само од нив, туку зависи и од волјата на ЕУ. Нема да му се правдам никому за нешто за што ми е чиста совеста, потенцираше Вучиќ, нема да молам никого за ништо. Ние бараме од ЕУ само да ни кажа што сака од нас, ништо повеќе. Важно е да слушнеме што мислат, а и да побараме поддршка за овој проект, истакна Вучиќ.