
Откако уште во првото коло на вториот грен слем турнир Ролан Гарос, беа елиминирани шампионката од 2011 година Кинеската Ли На и Данката Каролине Вознијацки, турнирот во Париз заврши и за бранителката на титулата Американката Серена Вилијамс.
Помалата од сестрите Вилијамс е елиминирана од Шпанката Габрине Мургоса со 6:2, 6:2. Неколку часа претходно од турнирот беше елиминирана и нејзината постара сестра Венус, која загуби од Словачката Ана Шмиедлова со 6:2, 3:6, 4:6.
Вториот носител во машка конкуренција Србинот Новак Ѓоковиќ во три сета беше подобар од Французинот Жереми Шарди со 6:1, 6:4, 6:2.
Во трето коло на турнирот се пласира и Швајцарецот Роже Федерер, кој беше подобар од Аргентинецот Диего Шварцман со 6:3, 6:4, 6:4