Поранешниот американски претседател Картер пренесен во болница

Поранешниот американски претседател Џими Картер (95) е пренесен во болница во Атланта поради притисок во мозокот презвикан од крварење по пад.

Во соопштението се наведува дека операцијата за намалување на притисокот на мозокот е закажана за утринава.

Картер е хоспитализиран три недели откако паднал во својот дом и ја скршил карлицата. Оваа година, најстариот поранешен американски претседател, трипати паднал во домот.

Картер стана претседател во 1976 година, а неговиот мандат го обележаа економската и енергетска криза. На изборите во 1980 година загуби од Роналд Реган, а по напуштање на Белата куќа се занимавал со хуманитарна работа, изнаоѓање на мировни решенија за меѓународни конфликти, промоција на човековит права и економски развој за што во 2002 година доби Нобелова награда за мир.