16.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Протест на вработените во Охис пред Владата

Поранешните вработени во фабриката Охис денеска ја блокираа улицата кај Владата во строгиот центар на градот.

Тие бараат исплата на 24-те неисплатени плати.

Тие како и неодамна ветија дека ќе протестираат секој вторник и петок се додека Владата не ги исполни нивните барања.

Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД Охис да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон” АД Охис.