Манчестер сити има сериозна негатива зад лидерот Ливерпул во Премиерлигата, но тренерот Пеп Гвардиола ќе добие повеќе од 120 милиони евра во јануари за да го засили тимот и да ги престигне „црвените“.
Англиските медиуми објавија дека Гвардиола сака неколку засилувања, а едно од нив се очекува да биде во одбраната, која не е на висина на задачата сезонава.
Освен стопери, Гвардиола ќе мора да најде замена и за Давид Силва, кој на крајот на сезоната ќе го напушти „Итихад“, а промени ќе има и во нападот, кадешто Серхио Агуеро веќе има 31 година, но и договор до 2021 година.
Сити во моментов има девет бодови помалку од Ливерпул во Премиерлигата, но има уште многу да се игра, па би можел да се случи некаков пресврт.