
Обилни врнежи, локално и над 20 литри на метар квадратен, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Дождот ќе ја зафати Македонија ноќта меѓу четврток и петок, во период од 12 часа.
Поради влијание на влажен бран од Медитеранот, времето утре и задутре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, во јужните делови проследени со грмежи.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и локални врнежи дожд со послаб интензитет и ретки грмежи.
Во петок и сабота ќе дува умерен, на места повремено засилен северозападен ветер.
УХМР предупредува во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.