
Поранешната американска државна секретарка и поразена претседателска кандидатка на минатите избори, Хилари Клинтон, тврди дека е „под голем притисок“ да го предизвика претседателот Доналд Трамп на претседателските избори следната година, објави во средата BBC.
Поранешната кандидатка на Демократската партија не ја исклучува можноста повторно да се кандидира. „Никогаш не вели никогаш“, рекла Клинтон за BBC. Сега 72-годишната Хилари Клинтон рекла дека „цело време“ размислува за тоа какво претседателка био била доколку во ноември 2016 година
„Цело време размислувам каква претседателка би била и што би направила поинаку, и што тоа би значело за нашата земја и за светот“, рече поранешната сенаторка од сојузната држава Њујорк.
Досега дури седумнаесет демократски политичари влегоа во предизборната трка за номинацијата на партијата за претседателските избори во 2020 година.
„Кој и да победи на следните избори, ќе има голема задача, ќе мора да исправи сѐ што е уништено“, додава поранешната прва дама на САД.
На повтореното прашање дали ќе влезе во трката во последен момент, Клинтон го повторува одговорот.
„Како што веќе реков, никогаш, никогап, ама никогаш вели никогаш. Под голем притисок сум од многу луѓе да размислам за тоа“, заклучува Хилари Клинтон.