ВМРО ДПМНЕ разгледува листи од 500 можни кандидати за пратеници

ВМРО-ДПМНЕ со нови имиња на кандидатските листи ќе атакува на победа на предвремените парламентарни избори на 12 Април. Најголем дел од носителите на листите во шесте изборни единици ќе бидат лица кои до сега не биле на таква позиција, а многу новитети ќе има и во составот на листите. Траат анкетите на ВМРО-ДПМНЕ за околу 500 имиња. Меѓу нив и од јадрото на партијата, но и луѓе од други општествени сфери.

„Најголемиот дел можеби и сите ќе бидат лица кои до сега не биле носители на пратенички листи. Истото ќе биде и со составот на пратеничките листи најголемиот дел би биле луѓе кои досега не биле пратеници во рамки на парламентот на Република Македонија, изјави преетседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ го постави генералниот секретар Игор Јанушев за шеф на изборниот штаб. Подготовките за 12 Април течат и во СДСМ и во албанскиот политички блок.

Опозицијата не размислува за одложување на изборите. Според Мицкоски тоа би предизвикало уште поголем сомнеж околу транспарентноста на изборниот процес и би се довел во прашање легитимитетот на лидерските средби кај Пендаровски.