Советот на Кисела Вода одби да се стават на дневен ред „Хаваријата во Охис“ и новиот ДУП на Темелковски со кој се предвидуваат нови згради

Општина Кисела Вода на денешната седница одби да се стави на дневен ред предлогот за „Хаваријата во Охис“ и ДУПОТ на општината со кои се предвидува седумкатница со 100 стана во близина на училиштето Кирил Пејчиновиќ.

Имено денеска на седницата на општината Кисела Вода поголемото мнозинство на советници од власта не го прифатија предлогот за да се стави на дневен ред точката за разгледување на „Хаваријата во Охис“ за кои ЗА гласаа (8) советници, воздржани ниту еден и против (12).

Исто така Советниците го одбија и предлогот да се стави на дневен ред новиот ДУП предложен од градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, па така против истиот гласаа (12), воздржани немаше, додека ЗА беа (7) советници, со што автоматски предлогот не беше прифатен.

Инаку исто така со овој изменет ДУП се предвидува градење на згради кај „Мечкаров“ како и на секое слободно зеленило во општината.

https://www.youtube.com/watch?v=GvGA8m7CFdQ