
Осмото издание на Самитот „Македонија 2025“ денеска продолжува со панел-дискусии за иновациите и нивното влијание врз животната средина, загадувањето на воздухот, нивото на јавните политики за овој проблем, искуствата на компаниите.
На агендата на вториот ден од Самитот е и панел-дискусија за можностите за финансирање мали и средни претпријатија, предвидени се и Б2Б-средби, како и претставување успешни Македонци во светската бизнис-елита.
На првиот официјален ден од 8-от самит „Македонија 2025“ беше истакнато значењето на организацијата како платформа за нови партнерства, соработка и за поддршка на домашните компании.