
Воздухот во Македонија и вечерва е загаден покажуваат мерните станици за квалитет на воздухот.
Мерните станици покажуваат дека вечерва воздухот е најзагаден во Општина Тетово и Струмица, каде што според мерните станици загаденоста во Тетово е 328 ПМ 10честички на метар кубен, или над 6 пати повеќе од дозволеното.
Додека пак во Струмица се измерени 230 ПМ10 честички на метар кубен, односно 4 пати повеќе од дозволеното ниво.
Во градовите нема никакви предупредувања или пак загриженост од општинските власти.