
Пратеничката Роза Топузова – Каревска се најде под жесток напад, токму од оние кои обвинуваат за недемократија. Нападите кон пратеничката почнаа откако таа одлучи да не ги послуша наредбите на опозициските лидери, Зоран Заев и Андреј Жерновски и да не се откаже од мандатот, туку напротив да остане и да работи во парламентот.
Топузовска Каревска вчера во изјава за медиумите објасни дека се одлучила да остане во Собранието и да не ги послуша партиските шефови бидејќи смета дека борбата мора да се води во Собранието и дека не гледа јасна стратегија кај опозицијата.
Првите критики кон долгогодишната пратеничка на ЛДП дојдоа од нејзината партија на чие чело е Жерновски. Во соопштението во врска со одлуката на Топузова Каревска се наведува таа извршила политичко самоубиство.
„Тој нејзин личен избор претставува политичко самоубиство, бидејќи знаеме како и каде завршуваат сличните примери. Секој сам одлучува како ќе ја започне и како ќе ја заврши својата кариера“, пишува во соопштението на ЛДП.
Пратеничката и денеска е мета на напади, но овојпат од опозициските медиуми помогнати од Фондацијата Институт Отворено општество. Овие медиуми ја оцрнуваат Топузова Каревска објавувајќи дека нејзиниот сопруг е доктор Петар Топузовски и дека токму тој пред десетина дена бил наводно именуван за директор на Прилепската болница. Што подоцна беше демантирано од раководството на болницата наведувајќи дека во оваа здравствена институција нема смени и дека доктор со тоа име воопшто не е вработен.
Подлите напади кон пратеничката продолжија и денеска, откако Жерновски порача дека таа не може да ги застапува интересите на партијата како пратеник во Собранието и останувала сама во Парламентот.
„Во Парламентот ќе настапува независно од партиските одлуки, во иднина ќе се застапува самата себе“, вели лидерот на ЛДП.
Однесувањето на опозицијата и медиумите блиски до неа кон одлуката на Топузовска – Каревска говори дека тие немаат капацитет на демократски начин да ги прифатат различните мислења.