Најмалку 23 лица загинаа, а 700 се повредени од почетокот на протестите во Боливија, соопшти Меѓуамериканската комисја за човекови права што функционира во рамките на Организациите на САД. Како што се наведува, само во текот на вчерашниот ден загинале девет лица, а 120 се повредени откако силите за безбедност отвориле оган врз приврзаниците нa претседателот во оставка, Ево Моралес.
Судирите започнаа во петокот, помеѓу произведувачите на кока, кои не ја признаваат опозициската сенаторка Жанин Ањес, вршителка на должноста претседател и војската и полицијата којашто им го блокираше патот кон градот Кочабамба.
Во тие судири, од повреди на главата и на градниот кош, загинаа деветмина, а екс претседателот, Моралес, судирите ги карактеризираше како „масакр“.
На претседателските избори одржани на 20 октомври, Моралес победи во првиот круг, но неговиот главен противкандидат, Карлос Меса, не ги призна резултатите.
Вооружените сили на Боливија го повикаа Моралес да ја напушти функцијата за да се обезбеди стабилност во земјата, по што тој најави оставка, а власта ја презема потпретседателката на опозицијата, Жанин Ањес.
Ево Моралес ја напушти земјата и замина во Мексико, каде што доби азил.