
„МојДДВ покажува дека дава резултати за целта за која е наменет, односно над 150.000 луѓе активно скенираат сметки.-
Ова во интервју за МИА го вели министерката за финансии, Нина Ангеловска.
– „Сакаме овој опсег уште повеќе да се прошири. За таа цел од средината на декември ќе започне МојДДВ -МојаНаграда. Наградниот фонд за играта ќе биде половина милион евра и ќе се доделуваат парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии. Покрај повратот, кој ќе го остваруваат граѓаните со скенирање на фискалните сметки, тие ќе може да станат и добитници на парична награда. Со ова граѓаните ќе имаат уште поголем мотив да влијаат и на адресирањето на сивата економија, односно секоја скенирана фискална сметка потенцијално е добитна – односно зборуваме за една вин-вин наградна игра, бидејќи сите добиваме – единствено кога губи сивата економија. Надградената мобилна апликација ќе содржи и едукативни елементи“, вели Ангеловска.