Најмалку четворица убиени и шестмина ранети во пукање во Калифорнија

Најмалку десет лица се застрелани, од кои четири се убиени, на заедничкио гледање пренос од натпревар во Фресно, во американската сојузна држава Калифорнија во неделата ноќта, пренесува CNN повикувајќи се на полицски извори.

Жртвите присуствувале на семеен и пријателски собир во двор на семејна куќа кога непознат напаѓач отворил оган, изјавил началникот на полицијата во Фресно, Бил Дул за новирите во текот на брифингот.

Полициски екипи пристигнале на местото откако добиле повеќе повици во неделата околу 20 часот по локално време, околу 6 часот наутро во понеделник по средноевропско време. Во дополнителните дојави било јавено дека повеќе луѓе се застрелани, според заменикот на полицискиот началник во Фресно, Мајкл Рејд.

Додал дека четворица мажи на возраст меѓу 25 и 30 години им подлегнале на повредите здобиени во пукањето. Еден маж е пренесен во блиската болница, со непозната тежина на повредите. Уште пет жртви во пукањето, исто така, се однесени во болница, но се надвор од животна опасност.

Според телевизиската мрежа NBC News, вооружениот маж или повеќе напаѓачи влегле во домот и пукал врз домаќините и нивните гости, кои следеле фудбалски натпревар. Агенцијата Associated Press наведува дека три од жртвите биле најдени во задниот двор од куќата, четвртата жртва починала подоцна во болницата.

Во моментов полицијата сѐ уште трага по напаѓачот, а непознат е и неговиот идентитет.