избеганиот Грујевски повторно осуден на година и пол затвор за палењето на илјадници докази за прислушувањето

Екс-началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци за фалсификување на службена исправа. Пресудата е изречена во негово отсуство бидејќи е во бегство во Грција.

Во судницата немаше ниту претставници на одбраната ниту на Обвинителството. Судот по втор пат носи иста пресуда за Грујевски откако Апелација го врати предметот на повторно судење.

Горан Грујевски, заедно со Никола Бошковски, поранешен функционер во УБК, се обвинети за предметот „Тврдина и Таргет“,  за незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од таа опрема.