Судијката Димишкова дала исказ во обвинителството кое го напушти незабележана од новинарите

И покрај тоа што со часови во вторникот новинарските екипи околу зградата на Апелацискиот суд, во која е сместено и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ја чекаа судијката Весна Димишкова да излезе од обвинителството.

Димишкова претпладнето околу еден час пред закажаниот термин во 10 часот, пристигнала да даде исказ за, спред неофицијални информации, случајот „Рекет“. За јавноста и медиумите досега не е познато во кое својство судијката е повикана во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Според неофицијалните иформации, Димишкова со давањето исказ завршила нешто пред 12 часот, но и до 15.30 часот попладне новинарските екипи кои беа распоредени кај трите влеза на зградата не ја забележале да го напушти обвинителството.

Димишкова е судијка на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, а нејзиното име се споменува во снимките за Рекет кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита од разговор меѓу сега обвинетиот Бојан Јовановски Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев.