
Москва го инаугурираше во четвртокот големиот проект вреден речиси три милијарди евра и ги пушти во сообраќај првите две линии од подземната железница на новата меѓуградска мрежа кои ги поврзуваат предградијата со центарот на рускатата престолнина, со што треба да се намалат големите сообраќајни шпицеви.
Овие нови возови, кои може да се спореда со парискиот RER или берлинскиот S-Bahn, ќе сообраќаат на веќе постојните шини, но се поудобни и поевтини од сегашните возови. Интервалот на композициите е на 15 односно 12 минути, на кои ќе сообраќаат 17 односно 11 електрични композции, со по две резервни.
Двете први лини го поврзуваат западните предградија на Москва со градовите на северот и југот од мосовскиот регион, преку неколку големи станици. Наскоро во сообраќај би требало да бидат пуштени уште три линии.
Москва, којашто веќе има 17 метро линии за своите официјално 12 милиони жители, последните години изведе повеќе скапи проекти на уредувањето под водство на градоначалникот Сергеј Собјанин. Тој и рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ги промовираа новите линии лично патувајќи преку нив.
Цената на новите мрежи во подземната железница е проценета на 200 милијарди рубљи, оли околу 2,8 милијарди долари, а според некои процени чинел за третина повеќе од предвиденото.
Москва, којашто има годишен буџет околу 30 милијарди евра, се надева дека овие нови возови, за околу 10 до 20 отсто ќе го намалат патниот сообраќај во фрадот и ќе го подобрат пристапот до транспорт за 4 милиони луѓе.