Грција ќе ја затвори границата за мигрантите кои немаат право на азил

Грчките власти соопштија во петокот дека ќе распоредат дополнителни сили на границите за да ја „затворат вратата“ за мигрантите кои немаат право да останат во земјата, што е последениот сигнал за заострувањето на ставот кон барателите на азил откако годинава остро се зголеми бројот на нивните доаѓања.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече во парламентот дека одобрил вработување на 400 лица на грачката копнена граница кон Турција и уште 800 кои ќе бидат распоредени на островите. Грција, исто така, ќе ги зголеми поморските патролирања, додаде.

Новата влада во Атина на конзервативната Нова демократија во јули објави дека има планови за затворање на пренатрупшаните мигрантски логори на островите и ќе ги замени со центри за прифаќање од затворени тип.

„Во Грција се добредојдени само иние кои ќе ги одбереме. Тие кои не се добредојдени, ќе бидат вратени. Ние трајно ќе ја затвориме вратата за илегалните криумчари на луѓе, за оние кои сакаат да влезат иајко немаат право на азил“, рече Мицотакис.

Грција беше еден од главните влезови во Европската унија за повеќе од милиони луѓе од Блискиот и Далечниот исток во 2015 и 2016 година. Доаѓањата на мигрантите преку соседната Турција повторно се во пораст и повеќе од 37.000 луѓе се натискани во камповите на грчките острови. Владата сака да пресели до 20.000 лица на копното до крајот на годинава. Покрај тоа, направи и нова рамка за забрзување на обработката на барањата за азил, којашто е критикувана од активистите за човекови права.