
Полиција во Гревенброх, град на западот на Германија, започнала со собирањето ДНК примероци од 900 мажи во саботата за да се обиде да идентификува убиец на единаесетгодишно девојченце кои е убиено пред повеќе од две децении, пишува весникот Rheinische Post.
Единаесетгодишната Клаудија Руф била силувана и задавена во мај 1996 година. Нејзиното тело било пронајдено на патека, 70 километри оддалечена од Гревенброх, во Ојскирхен близу Бон.
Од вкупно 900 мажи побарано е да достават примероци од плунка во тамошно основно училиште овој и следниот викенд. Мажите, од кои тоа е побарано, имале од 14 до 70 години во време на убиството.
Тестирањето трае десетина минути, а мажите првично морале да дадат согласност. Иследниците велат дека јавноста сака да помогне. Полицијата во 2010 година не успеала да го идентификува убиецот со собирање на примероци од плунката на 350 мажи.
Иако е малку веројатно дека вистинскиот убиец ќе одговори на повикот да даде ДНК, истрагата се надева дека негов роднина може да дојде на тестирањето и преку тие ДНК резултати поврзани со иние најдени на телото на девојчето, да се дојде до сторителот.