
Рекордeн број избирачи излегле на локалните избори во Хонгонг во неделата, уврдено е по затворањето на избирачките места, а според медиумите гласањето минало мирно.
Повеќе од 2,7 милиони луѓе гласало до 20,30 часот по локално време, што значи дека на изборите излегле околу две третини од регистрираните избирачи. Одѕивот бил најголем во квартовите кои се најмногу погодени со повеќемесечните антивладини протести.
Официјалните резултати се очекуваат во понеделник, а овие избори се сметаат за своевиден референдум за хонконшките масовни протести. Неодамнешните анкети покажале дека растер поддршката за силите кои се противат на влијанието на централните власти во Пекинг.
Рекордни 1.104 кандидати се натпреваруваа за 452 места во општинските совети, кои имаат одредено овластување над финансиите и решавањето на комуналните прашања. Во моментов во советите на градските квартови има 331 прокинеските пратеник, додека 118 се прозападни.
Доколку силите кои ги поддржуваат протестите ја преземат контролата, би можеле да обезбедат шест места во Законодванот совет (парламентот) на Хонгконг и 117 места во изборниот совет од 1.200 членови кои ги бира премиерката.