
Бродот за превоз на стока „Кралица Хинд“ тежок 3.785 тони и натоварен со 14.600 овци делумно потона откако исплови од романското пристаниште Миди, соопшти полицијата.
При инцидентот еден морнар паднал од бродот, но е спасен од крајбрежната стража.
Но, за сега нема информации за овците.
Бродот пловел под знамето на Палау, островска држава во Тихи Океан, а сите 22 членови на екипажот се Сиријци.