Во кривичен суд денеска во тек е расправа за “Титаник” во врска со наводни изборните нерегуларности, со испрашување на сведок кој како вработен во МВР бил задолжен да ги слика лицата од Албанија за издавање на лични карти.
Дитурим Сулејмани потврди дека лицата биле сликани во мобилни базни станици и за нив службени лица му доставиле комплентна документација, меѓу што и државјанства на Република Македонија.
На прашање на пратеникот Илија Димовски дали според закон лицата пред да добијат лични карти имале веќе државјанства на РМ, сведокот одговори со да, што значи дека сликањето во мобилните станици не влијаело на “незаконитоста” во издавањето на личните карти.