
Бразилскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Порто, Фернандо Франциско Регес, веднаш по завршувањето на престојниот Мундијал во Бразил и официјално ќе биде претставен како најнова милионска аквизиција на новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити.
Англиските медиуми потврдија дека двата клуба постигнале договор околу претходно најавениот трансфер, а истиот ќе биде официјален откако интернационалната групација “Абу Даби” ќе го исплати побараното обештетување од 14.8 мил. евра.
Одличниот играч за врска треба да потпише 3-годишен договор, а истиот му гарантира неделна заработувачка од 120 илјади фунти.