
Аферата „Кеш” покажа дека нема правда, ама кеш за власта имало, и тоа многу. Покажа и дека СЈО е една алатка на власта за корупција и заштита на криминалот на власта.
Во моментот кога криминално-рекетарската банда на власт се осигура преку правна дивоградва дека предметите со кој СЈО врши притисок ќе се префрлат во исто компромитираното ЈО, изгуби интерес да донесе закон за обвинителство. Зошто? Затоа што на Заев и криминалците околу него не им одговара правда и правна држава.
Полицајци, обвинители, деца и роднини на обвинители биле дебело платени за конструирање, притискање, рекетирање, ама не од џебот на Заев, туку од парите на сите, а за интересот на Заев.
Па така медиумите во Македонија објавија дека:
- Командантот на Алфите, Примислав Димовски земал – 40.000 евра од државата,
• Поранешниот директор на БЈБ, Лазо Велковски – 33.000 евра.
Вработените во СЈО на “висина” на задачата и примањата на обвинителите од СЈО:
- ќерката на обвинителката Елизабета Јосифовска, Елена Јосифовска – 30.000 евра,
• синот на судијката Мира Ангелеска, Стојан Ангелески – 30.000 евра,
• Директорот на финансиската полиција, Арафат Муареми – 26.000 евра,
• ќерката на директорот на Катастар Борис Тунџец, Катерина Тунџева – 20.000 евра,
• ќерката на поранешниот директор на Мепсо Сашо Василевски, Марија Василевска – 14.000 евра,
• синот на сусијката Лидија Неделкова, Давид Неделков – 13.500 евра.
Да редам ли уште? Аферата “кеш” продолжува. И таа кажува дека се работело за “пусти пари”!
П.С. – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Мицкоски даде конкретен предлог, слично со европските пракси, секоја коалиција да одбере кандидат за иден мандатар на владата чие име ќе се знае пред изборите, а тој што ќе загуби на изборите да се повлече од политиката. Нешто многу голем молк во СДСМ, м??? Напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.