Општина Гостивар ќе додели 18 илјади евра помош за Албанија

На денешната вонредна седница на Советот на општина Гостивар, свикана од страна на градоначалникот Арбен Таравари, општинските советници едногласно усвоија  одлука за доделување на финансиски средства за граѓаните на Република Албанија погоедни од силниот земјотрес во Драч и околината. Висината на финансиските средства изнесува 1.084.500 денари од кои 184.500 денари како материјали а останатиот дел како финансиски средства

Изразувајќи им сочуство на семејставата на загинатите и посакувајќи им што посбрзо оздреавување на повредените, градоначалникот Таравари објасни дека средстава наменети за новогодишно украсување на градот, се пренаменуваат за оваа цел.

Исто така, советниците едногласно донесо одлука и за прогласување на тридневна жалост, како и формирање на кризен штаб за превоз на собраната помош за областите погодени од земјотресот

Кризниот штаб се состои од градоначалник, претседателот на советот, секретар на општината, директорите јавните комунални претпријатија, командирот на полициската станица и директорот на здраствениот дом.