Бројот на жртвите во земјотресот во Албанија се искачи на 40 луѓе

Бројот на загинатите во силниот земјотрес кој во вторникот утрото ја погоди Албанија достигна 40 луѓе, соопшти во четвртокот албанскиот премиер Еди Рама, пренесува Албанската телеграфска агенција (АТА  – ATSH)

Премиерот Рама притоа ги предупредил локалните медиуми да не шират лажни вести и гласини.

Претходно во средата вечерта беше објавено за 35 жртви и повеќе од 650 повредени. Од под уранитините биле спасени околу 47 луѓе. Операциите на потрага и спасување продолжуваат и во четвртокот. Продолжува и потрагата по 5 лица за кои се верува дека се наоѓаат под урнатините во областа Кенетес.

Билансит на жртвите од земјотресот се зголеми во доцните вечерните часови во средата, кога екипите за спасување во Драч под уранитните извлекоа три тела, а уште три тела биле извлечени од остатоци од домови во Тумај.