
Поранешниот јапонски премиер Јасухиро Наказон почина на 101-годишна возраст. Накасоне починал во петокот во болницата во Токио, потврди канцеларијата на неговиот син Хирофуми Накасоне. Накасоне беше значајна фигура во јапонската повоена политика.
Тој е еден од лидерите на десноцентристичката Либерално-демократска партија која владее речиси целиот период по Втората светска војна. Накасоне ги зголеми расходите за одбрана, се обиде да го ревидира пацифистичкиот устав, навлече критика за потенцирање патриотизам и се бореше да спроведува пазарно ориентирани реформи.