Словенците сè помалку читаат книги

Половина од возрасните Словенци годишно не читаат по ниту една книга, покажаа новите податоци од истражувањето: „Книга и читатели“ , претставено на Саемот на книга во Љубљана.
Шестото такво годишно истражување спроведена од тим на реномирани експерти, нарачана од државна агенција за книги, не дава причина за оптимизам бидејќи културата на читање опаѓа од година во година, според податоци за продажба во книжарниците и саемите на книгите и во народните библиотеки, објави „Љубљанско Дело“.
Словенија станува општество што не чита, намален е бројот на оние кои читаат книги на англиски јазик, но и оние кои купуваат или позајмуваат книги во Словенија во библиотеките, според истражувачите во проектот.
Бројот на луѓе кои не купуваат годишно книга се зголеми за четири проценти од 2014 до 2015 година, така што сега изнесува 53 проценти, а бројот на оние кои купуваат книги, но само како подарок, е зголемен за седум проценти.
Бројот на луѓе кои читаат најмалку една книга годишно е најмал од 1973 година откако се спроведува истражувањето.