Промоција на маркираните планинско-велосипедски патеки на Попова Шапка

Здружението „Планинарски клуб Шара Ски – Тетово“ денеска во комплексот „Конак“ на Шара, ќе ги промовира маркираните крос-кантри планинско – велосипедски патеки на Попова Шапка.

Проектот е значителен придонес кон подобрување на атракциско – мотивациските фактори и туристичката понуда на Попова Шапка.