Дали има сеизмички нарушувања кај Косел?

Никакви сеизмички нарушувања не се забележани кај охридско Косел.

Опасност од активирање на вулканот во Косел нема. Станува збор за природна појава, која е навистина ретка во Европа и може да биде туристичка атракција.

Од вчера се поставени апарати за сеизмолошки мерења во Косел, а простор за паника нема.

– Според она што е регистрирано од страна на апаратите се е во рамките на нормалната сеизмичка активност, истакна доктор Драгана Черник за Сител и додаде дека апаратите ќе бидат таму неколку недели иако и сега простор за паника нема.

Сеизмолошката активност на територијата на цела Македонија и регионот се следи 24 часа секој ден во неделата.