
Унгарската полиција објави дека нашла 44 мигранти во таен тунел под границата со Србија, граница на која има поставено бодликава жица. Националноста на мигрантите не е објавена.
Триесетина километри подалеку, деновиве беше откриен уште еден рачно ископан тунел под истата граница, на која Унгарија во текот на мигрантската криза во 2015 година подигна подигна ограда, во дел и електрична, на граничната линија со Србија и со Хрватска за да спречи нелегални премини на мигранти.
Двата тунела биле ископани рачно, а влезовите им биле покриени со вегетација. Тунелот во кој се пронајдени мигрантите бил долг 34, а другиот 22 метра.