Автомобил удри дете во Тетово

Автомобил со кој управувал тетовецот С.И. (58) удрил во петгодишно дете од Тетово. Детето се здобило со скршеница на левата нога и други тешки телесни повреди

Сообраќајката се случила околу 16 часот и 30 минути на крстосницата од улиците „Никола Тесла“ и „Коле Неделковски“ во Тетово.

Повреденото дете веднаш било префрлено во тетовската Клиничка болница од каде како итен случај било упатено во Скопските клиники.