
Едно лице од повредените во нападот на Лондонскиот мост во петокот и натаму е во критична состојба, изјави во саботата градоначалникот на британската престолнина Садик Кан, а премиерот Борис Џонсон побара осудените за тероризам да не може предвремено да бидат ослободувани од издржувањето на казните.
Како што истакна лондонскиот градоначалник Садик Кан за телевизијата Sky News, „состојбата на еден од настраданите и натаму е критична“.
Во моментов нема информации за идентитетот на ранетите. Маж и жена починаа од убодни рани а уште три лица се повредени, откако во петокот попладнето со нож биле нападнати од млад маж на Лондонскиот мост. Осомничениот беше ликвидирани од полицијата, која се сомнева дека бил поврзан со терористичка група.
Полицијата утврдила дека напаѓачот е 28-годишниот Усман Хан, кој живеел во грофовијата Стафордшир. Тој од поодамна им бил познат на безбедносните служби, откако во 2012 година бил осуден за терористички активности, а бил ослободен во декември 2018 година.
Системот за казнување на теориристите во Велика Британија треба да бидат заострени со забрана престапниците да бидат предвремено ослободувани, рече во врска со нападот премиерот Борис Џонсон.
„Во интерес на јавноста е да се осигури дека осудените за тероризам и сериозни злосторства поврзани со насилство, да не можат да бидат ослободени пред целосното истекување на казната“, рече Џонсон.
Оцени дека нападот со нож во петокот е извршен токму од лице коешто издржувало казна за тероризам и кое било предвремно ослободено, што според Џонсон докажува дека „постојниот систем не финкционира“.