Деветнаесет луѓе, меѓуи кои две малолетни лица, загинаа откако автобус со 43 патници во неделата паднал во замрзната река во Сибир, соопштија локалните спасувачки служби.
Автобусот кој сообраќал на редовна линија паднал од мосото во замрзнатата река Куенга на 60 километри од во Сретенск во Забајкалскиот крај.
Според информациите на министерството за здравство, 14 лица се пренесени во регионалните болници, од кои едно е во критична состојба. Вкупно се повредени 21 лице.
Министерството за внатрешни работи потврдило дека меѓу загинатите е и возачот на автобусот. Некои од патниците останеле заглавени во смачканиот автобус, па морало да бидат извлекувани од припадниците на спасувачката служба на министерсттвото за вонредни состојби кое на местото на несреќата испратило два хеликоптера.
Се утврдуваат причините за несреќата. Според првичните сознанија, возачот ја загубил контролата врз автобусот поради пукнување на гумата или друго оштетување на тркалото, по што излетал од патот и паднал во реката.