Ирачкиот парламент ја прифатил остаквата на премиерот Адел Абдел Махди по повеќенеделните протести против неговата влада, објави во неделата ирачката државна телевизија.
Според ирачкиот устав, парламентот сега од шефот на државата ќе бара да именува нов премиер, рекол претседателот на парламентот Мохамед ал-Халбуси.
Од 329 пратеници на заседанието во неделата учествувале 250 парламентарци.
За намерите на Адел Абдел Махди да се повлече од премиерската должност, ирачките медиуми пишуваа уште кон крајот на октомври. Во петокот Махди изјави дека ја слушнал пораката од Врховната религиозна марџалија (верска истанца во шиитскиот ислам кој е доминатнен во Ирак), за тешките услови во земјата и неможноста на надлежните институции да се справат со ситуацијата, и оти ќе побара од парламентот да го разреши од функцијата.
Поранешниот премиер, која на чело на ирачката влада дојде во октомври минатата 2018 година, исто така, од парламентот побарал итно да именува вршител на должноста премеир за да се намалат тензиите во земјата во која безредијата траат цели два месеци.
Од почетокот на октомври во Ирак секојдневно се случуваат масовни протести на кои демонстрантите бараат оставка од владата, почнување вистинска борба против корупцијата и подобри животни услови. Според медиумските извештаи, во овие протести кои прераснуваа честопати во насилства и жестоки судири со полицијата досега загинале повеќе од 300 луѓе, а повредени се околу 15 илјади.