
Менаџерот на Челзи, Френк Лампард изјави дека очекува да открие во рок од неколку дена дали неговиот клуб ќе може да привлече играчи во претстојниот зимски трансфер прозорец.
Како што е познато, „сините“ се под ембарго од февруари, при што првичната санкција се два прозорци за трансфер.
Тимот од Лондон минатиот месец поднесе жалба до Арбитражниот суд, а одлука за случајот што се очекува наскоро.
Ако судот пресуди во корист на Челзи, тогаш клубот ќе може да привлече нови играчи во јануари.
– Верувам дека ќе дознаеме многу скоро. Мислам дека ќе биде за неколку дена. Не сум слушнал нешто повеќе, па затоа мора да почекаме за одлука и да видиме што ќе правиме после тоа, изјави Лампард на прес-конференцијата пред натпреварот со Астон Вила утре.