На социјалните мрежи во Русија се појави снимка од поларна мечка на која со црн спреј е испишано „Т-34″. Поборниците за заштита на животните предупредуваат дека постои опасност оваа мечка да не може да се вклопи со околината, или да лови заради прехрана.
Во тек е истрагата околу тоа што точно се случило и каде е снимено видеото.
Т-34 е називот на тенкот којшто војската на СССР го користеле против нацистите во Втората светска војна.
Снимката на Фејсбук ја постави Сергеј Каври, член на Светската организација за заштита на природата.
https://www.instagram.com/p/B5jgQJ9o1s2/?utm_source=ig_embed