
Полициите на триесетина земји во светот уапсиле 228 лица и иденфивикувале илјадници „финансиски мулиња“ во рамките голема операција против перењето пари, објави во средата Еуропол, кирманилсточко-разузнавачката агенција на Европската унија.
Во операцијата којашто била водена од септември до ноември спроведени се повеќе од 1.000 криминалистички истраги, а „многу од нив сѐ уште се водат“, се наведува во соопштението на Еуропол.
„Повеќе од 650 банки, 17 банкарски здруженија и други финансиски институции помогнале да се пријавата 7.520 лажни трансакции кои ги извеле ткн ‘финансиски мулиња’. Со тоа е спречена вкупна загуба од 12,9 милиони евра“, додаваат од Еуропол.
Во операцијата која освен Еурпол ја подржале и Еуроџаст, европско здружение за соработка во правосудството, и Европската бнакарска федерација (FBE) идентификувани се 3.833 „финансиски мулиња“ и 386 лица кои биле задолжени за регрутирање, а од кои 228 се уапсени.
Таканаречените „финансиски мулиња“ честопати и незнаејќи учествуваат во перењето пари, така што примаат и префрлуваат суми незаконски заработени пари, појаснуваат од Еуропол.
Лицата кои ги регрутираат овие „мулиња“ се особено активно на социјалните мрежи на кои ги наговоруваат своите жртви „да отворат банкарски сметки со изговор дека преку нив ќе испраќаат или примаат пари“, се додава.
Операцијата е спроведена во 31 земја, вклучително Германија, Белгија, Шпанија, Швајцарија, Велика Британија, САД и Австралија.