Железниците на Македонија и на Турција разговараат за воведување воз Скопје – Солун – Истанбул  

Железници на РСМ – Транспорт и Турските железници разговараат за можноста за пуштање во функција на туристички воз Истанбул – Солун – Скопје. Како што информираат од нашиот железнички оператор, директорот Орхан Муртезани разговарал за ова прашање за време на состанокот со генералниот директор на Турските железници (TCDD) на крајот од минатиот месец.

Од државните железници на Турција доаѓа и информацијата за одржувањето на Самитот на сите балкански железници, коишто претстојнава пролет ќе се соберат во Истанбул за да разговараат за поврзување на сите балкански градови со патнички возови. Железници на РСМ – Транспорт добиле покана да учествуваат на овој самит.

Ваквиот развој на случувањата доаѓа во период кога балканските земји имаат историски најмал број на возови со кои меѓусебно се поврзуваат. И во новиот возен ред за 2020 година, нашата земја ќе биде железнички поврзана со странство единствено со брзиот воз Скопје – Приштина – Скопје. Возот за Белград и Солун и наредната година ќе сообраќа единствено во текот на летните месеци. Ваквите кратења во меѓународниот железнички сообраќај нема само во нашата земја, туку и во Грција, Бугарија, Србија, Романија, БиХ и Хрватска.

Најрадикален рез беше направен во Грција за време на кризата во 2011 година, кога со една одлука на тамошните власти беа укинати сите меѓународни возови, вклучувајќи го и возот меѓу Солун и Истанбул.

Како последица на намалувањето на бројката на патнички возови, бројот на превезени патници со воз во Македонија во изминатиов период е сведен на минимум. Во првите девет месеци од годинава со патнички возови