Доделени „алтернативните Нобели“, наградена и Грета Тунберг

Наградата Right Livelihood, наречена уште и „алтернативна Нобелова награда, е доделена во среадата на церемонијата во Стокхолм, а меѓу добитниците е и климатската активистка Грета Тунберг.

Тунберг е наградена поради „инспирирање и зајакнување на политичките барања за итно дејствување по прашањето на кломатските промени, врз основа на научните факти“, истакна жирито кое ја доделува наградата.

Тунберг не можела да присуствува на доделувањето, па со видео-порака се обрати: „Борбата продолжува, ние никогаш нема да застанеме“. Оваа порака ја снимила во Лисабон каде пристигна во вторникот по тринеделното патување преку Атлантикот одбивајќи да лета со авиони бидејќи се штетни за природната околина. Тунберг патува во Мадрид каде што се одржува климатската конференција на ОН.
Шеснаестгодишната Швеѓанка во август 2018 година го започна „училишниот штрајк“ пред шведскиот парламент. Тој настан стана инсипрација за протестите на средношколците ширум светот.

Покрај неа, наградена се уште три личности. Четворицата добитници ќе добијат парична награда од 94.000 евра.

Активистката Аминату Хајдар од Западна Сахара затоа што повеќе од 30 години заговара независност на оваа област, територија која Мароко ја присвојува од 1975 година. Таа во својот говор ги критикуваше земјите како Шпанија и меѓународните организации како ОН и ЕУ, бидејќи не му помогнале на народот Сухрави.

Награден е и бразилскиот домородечки активист Дави Коменава, припадник на племенот Јаномами. Награден е заедно со организацијата Хутукара Јаномами за заштита на амазонската прашума.

Четвртиот добитник на наградата е кинеската адвокатка Гуо Џианмеи, поради нејзуната „пионерска и истрајна работа“ на женските права во Кина. Таа и нејзините соработници од 1995 година дале бесправни правни совети за повеќе од 120.000 жени во Кина.