Љубомир Јовески ги презема овластувањата на Јанева во СЈО

„Во врска со прашањето во делот на платите на јавнообвинителските службеници во ова обвинителство ќе се разгледуваат во оној момент кога ќе се создадат услови некој да одлучува во врска со тоа, сега навистина би било прејудицирање“, вели Јовески.

Ваквите измени следат, откако три месеци во СЈО се наталожуваат долговите, а истражителите и останатите вработени во СЈО останаа со нерешен статус, по приведувањето на Јанева и префрлувањето на обвинителите во Јавното обвинителство. Вработените немаат земено плата од септември, а трошоците за струја, вода и телефони не се платени.

Од денеска телефоните во СЈО повторно се вклучени откако операторот одлучил да ја почека исплатата од СЈО. Во однос на предметите и истрагите кои се започнати во СЈО, обвинителот Јовески кажа дека очекува до крајот на месецов и останатите 9-10 предмети да се прераспределат во надлежност на соодветните обвинителства. Јовески вели дека првенство дале на оние предмети за кои имало судски постапки.

„До овој момент нема отворено предистражни постапки за судии, ниту по тоа прашање е разговарано со јавниот обвинител кој раководи со јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, изјави јавниот обвинител Љубомир Јовески, како одговор на новинарско прашање, дали се водат предистражни постапки за судии.