Новогодишната елка што е поставена на Плоштадот Македонија во Скопје ќе светне во 19:30 часот. Со работа ќе почне и новогодишниот базар „Винтерленд 2020“, соопшти град Скопје.
Со овој чин од денеска и во Скопје ќе завладее празничната атмосфера карактеристична за новогодишните и божиќните празници. Граѓаните ќе имаат можност да ја почувствуваат новогодишната магија и да уживаат во најразновидна забавна програма до најлудата ноќ.