Денеска во хотелот Хилтон, НЛБ Банка ја прослави десетата награда за најдобра Банка на година.
Во присуство на голем број гости, соработници и пријатели, во пријатна атмосфера, Претседателот на Управниот одбор Антонио Аргир и Претседателот на НЛБ Блаж Бродњак ги поздравија присутните со прикладен говор и го искажаа своето задоволство за добиеното признание.
„Да се биде Банка на годината во Македонија е огромна чест, но да се биде Банка на годината по десетти пат, покрај чест, претставува и голема одговорност која јас и НЛБ тимот сме подготвени да ја оправдаме и во иднина. За нас, ова признание од The Banker претставува голема сатисфакција и потврда за високиот стандард во работењето кој НЛБ Банка го одржува низ годините“, изјави Аргир.
На настанот се обрати и Блаж Бродњак, Претседател на НЛБ дд и Прв човек на НЛБ Групацијата.
„Оваа награда не е важно признание само за НЛБ Банка АД Скопје туку и за целата НЛБ групација. Ова е уште една потврда за нашата визија, да станеме регионален шампион и да се грижиме за финансиските потреби на нашите клиенти додека во исто време влијаеме врз квалитетот на живот во регионот. Во најголем дел, Југоисточна Европа е наш дом. Ние сме единствена финансиска групација од Западен Балкан која е присутна во Словенија и на сите пазари во поранешна Југославија во Западен Балкан. Го говориме јазикот, ги разбираме локалните специфики и менталитет и делиме заедничко минато. Уште поважно е дека, ние сме единствените кои имаат регистрирана централа тука и единствени со ексклузивно стратешко внимание во регионот. Главата и срцето на НЛБ групацијата се тука поради што ние сакаме и ќе направиме сè во наша моќ за да видиме како овој регион расте“, истакна Бродњак.
За време на настанот присутните уживаа во музичките изведби на диригентот Емин Џијан и неговиот Магичен оркестар.
На 28-ми ноември во Лондон, наградата за Банка на годината во Република Северна Македонија по десетти пат и припадна на НЛБ Банка. Оваа престижна церемонија на која се избираат глобалните и регионални награди за најдобрите во банкарството за 2019 година е во организација на реномираниот финансиски британски магазин The Banker, публикација на The Financial Times од 1926 година.
The Banker наградите се одржуваат секоја година во Лондон, во друштво на најдобрите банки од над 140 земји во светот, каде се доделуваат признанија на врвни финансиски институции.