Полициска акција во Грчец и во Арачиново

Голема полициска акција се случува на неколку локации во Скопје, меѓу кои и во селатао Грчец и Арачиново.

Како што потврдија од МВР за „360 степени“, во акцијата има повеќе приведени, но детали не се соопштуваат. Не се соопштува ниту причината за полицијата акција. Од МВР најавуваат наскоро детали, бидејќи како што велат акцијата е во завршна фаза.

Неофицијално акцијата е поврзана со пукањето во Александар Палас минатата недела.

Граѓани известуваат дека во Грчец има десетици полициски возила со специјални единици од МВР. Таму најверојатно акцијата веќе е при крај или е завршена. Другите локации во Скопје не се откриваат.